„Грејс“ ги изненади вработените во еден ресторан со своите барања

За актерка Дебра Месинг, која се прослави со улогата на Грејс во култната серија „Вул и Грејс“ уште оф порано се говореше дека има проблеми со алергија, но овој пат, како што објавија американските таблоиди, таа навистина претерала со своето однесување.
Имено, овој пат вниманието го привлече списокот кој таа го доставила до еден ресторан на Менхетен, што содржи работи кои и пречат.
На списокот била наведена храната која не смее да ја конзумира, како пилешко месо, млечни производи, брокули и риба. Исто така, навела и дека е алергична и на мачки, кашмир, пердуви, волна и цвеќе.
Персоналот на ресторанот не се бунел, па на актерката и подготвиле посебен оброк, иако многумина од нив оцениле дека е „премногу тешка“.
Дебра неодамна во едно интервју призна дека има сериозни проблеми со алергиите.
- Јас имав неколку силни сериозни и застрашуачки напади. Поради алергијата имав проблеми со самодовербата на работа, рече тогаш актерката.
Ново на Сител
-

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во официјална посета на Македонија
-

Тројцата полициски службеници обвинети за работењето на кочанската дискотека не се чувствуваат виновни
-

Од годинава три типа матура, гимназијалците на државна, стручните со право на избор
-

Преглед на вестите од светот
-

Судиите не се согласуваат нивните плати да останат замрзнати
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Блискиот Исток на раб на целосна војна
-

Конфликтот на Блискиот Исток – Можна закана за енергетска криза
