Грчката економија закрепнува, но покачувањата на цените и понатаму се еден од најголемите проблеми
По речиси десет години финансиска криза, по излегувањето од програмите за спасување на грчката економија, Грција веќе шест години „работи“ на своето економско закрепнување, нешто што според Владата е успешно постигнато. Но, за граѓаните, во изминатиот период, покачувањата на цените е нивниот главен проблем, барем според истражувањата на јавното мислење, јави дописничката на МИА од Атина.
Леб над едно евро, млеко меѓу едно и две евра, се само дел од цените во грчките супермаркети, додека пак во рестораните порцијата е над десет евра, во кафулињата, кафето ретко е под четири евра, а бензинот е меѓу 1,6 и 1,7 евра за литар.
Во маркетите, цената на млекото е од 1 до 2 евра, лебот е околу 1.20 по килограм, популарната грчка фета од 13 до 17 евра итн.
-Секако дека е сè поскапено, сега веќе чекаме попусти, намалувања, понуди за да ги купиме оние работи што ни се неопходни. Сега и намалената цена е многу повисока од цената пред неколку години. Се плашам дека овој тренд на зголемување ќе продолжи, вели за МИА повозрасна Гркинка додека пазари во атински супермаркет.
Истовремено, сопствениците на кафулиња и ресторани во Атина со кои поразговара дописничката на МИА, велат дека оваа година немаат големи промени на цените во споредба со лани, барем засега.
-Гирото е 4,20, порциите се од 10 до 13 евра, салатите се околу осум евра. Истите цени ги имавме и лани, велат од популарна таверна во центарот на Атина.
Од друга страна, омилените кафиња на Грците, ладното (фредо) еспресо и ладното (фредо) капучино, најчесто се околу 4-4.50 евра.
Дополнителен проблем за граѓаните, за оние кои немаат свои станови се и кириите, особено во Атина, кои континуирано и вртоглаво се зголемуваат.
Според индексот на цени на една од платформите за недвижнини, во првиот квартал на 2025 година има зголемување на цените и на продажбата на станбени објекти во Грција, но и на цените за изнајмување, споредбено за истиот период лани.
Во периодот јануари-февруари-март 2025 година, просечната цена на становите на продажба била највисока во јужните предградија на Атина, со 4.000 евра за квадратен метар, а најниска во Касториа (Костур) од 518 евра за квадратен метар.
За изнајмувањата, најниската цена е регистрирана во Килкис (Кукуш) од 4,00 евра за квадратен метар, а највисока на Халкидики со 27,5 евра за квадратен метар.
Ново на Сител
-
Израел пред празни трибини на Европската златна лига во Струмица
-
Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
-
Уапсен 21 годишник, фрлил ќесе со дрога па се обидел да избоде полицаец
-
Три лица повредени меѓу кои и малолетник по пресметка со ножеви во Чаир
-
Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски
-
Ајатолахот Али Хамнеи го отфрли повикот на Трамп за безусловна капитулација на Иран