Гевгелија со два проекти од ИПА програмата
Општина Гевгелија ќе учествува со два проекти на последниот повик од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, одлучи денеска Советот на општина Гевгелија.
Со првиот проект за афирмација на природните и културните вредности во пограничниот регион, предвидено е да се уреди туристичкиот локалитет „Динќут“ кој се наоѓа во непосредна близина на градот и беше прво собиралиште на излетниците. Според поднесената апликација општина Гевгелија ќе биде водечки партнер во овој проект, а проектен партнер ќе и биде Агенцијата за економки развој од Банско, Бугарија.
Вториот проект наречен „Волонтери за заштита и борба против шумски пожари и природни катастрофи“ општина Гевгелија ќе го реализира во партнерство со дирекцијата за безбедност од пожар и заштита на населението од Софија, невладината организација „Противпожарни иницијативи и иновации“ од Благоевград и со регионалниот центар за одржлив развој од Гевгелија.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива