Германија вети уште 100 милиони евра помош за украинскиот енергетски сектор

Германското Министерство за економија и енергетика денеска најави дека преку државната банка КфВ (KfW) ќе уплати 100 милиони евра во Фондот за поддршка на енергетиката на Украина (УЕСФ), во кој веќе има 1,3 милијарди евра.
Средствата се наменети за купување на резервни делови и опрема за уништената енергетска инфраструктура.
– Нема да го оставиме украинскиот народ на цедило. Заштитата на снабдувањето со енергија значи заштита на луѓето, наведе германската министерка за економија Катерина Рајхе.
Таа додаде дека поради неодамнешните истраги на украинските антикорупциски власти, банката КфВ ќе обезбеди усогласеност со своите прописи.
Според Рајхе, Министерството „континуирано го следи правилното корпоративно управување со украинските енергетски компании“.
Со тоа германскиот придонес во УЕСФ ќе достигне вкупно 550 милиони евра оваа година, што е најголемиот поединечен придонес во Фондот.
Берлин, главниот европски поддржувач на Киев, вети 11,5 милијарди евра воена помош во текот на 2026 година.
МИА
Ново на Сител
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
-

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
