Loading Video...
Свет
16. March 2026 - 16:40

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец

Трамп бара поддршка од НАТО за обезбедување на пловидбата во Ормускиот Теснец, кој е клучен за глобалното снабдување со нафта. Предупреди - НАТО се соочува со „многу лоша“ иднина ако неговите членки не успеат да му помогнат на Вашингтон во деблокирањето на тој воден пат, кој го контролира Иранската револуционерна гарда.

Како резултат на блокадата, цените на нафтата надминаа 100 долари за барел, што создава сериозен притисок врз глобалната економија. Германија, преку министерот Јохан Вадефул, јасно стави до знаење дека НАТО нема мандат ниту потреба да презема одговорност за тој регион.

„Не гледам дека НАТО донел каква било одлука во оваа насока или би можел да преземе одговорност за Ормутскиот теснец. Ако беше така, тогаш телата на НАТО би го решиле тоа соодветно. Денес ќе го разгледаме ова прашање заедно“, изјави германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул.

За решавање на ситуацијата во тенсецот, Трамп соопшти  дека САД водат преговори  со Кина и уште шесет земји, кои не сакаше да ги именува.

- Кина, како пример, добива околу 90% од својата нафта од Ормускиот Проток и би било убаво да имаме други земји кои го контролираат тоа со нас, и ние ќе помогнеме повеќе, воено, колку што ми е познато, го победивме Иран. Барам овие земји да дојдат и да ја заштитат својата територија. Бидејќи тоа е местото од каде што ја добиваат својата енергија. И требаше да дојдат и требаше да ни помогнат во заштитата на теснецот, истакна Доналд Трамп, претседател на САД

Само неколку часа по неговата изјава, Министерството за надворешни работи на Кина ја повтори својата загриженост во врска со тековниот конфликт на Блискиот Исток, но не спомена испраќање бродови за обезбедување на виталниот воден пат.

- Ситуацијата на Блискиот Исток влијае на глобалната енергетска безбедност, а релевантните земји треба веднаш да ги прекинат воените дејствија за да спречат регионалните превирања да имаат поголемо влијание врз глобалната економија. 

Властите во Техеран велат дека рутата е затворена само за танкери и бродови што им припаѓаат на непријателите и има простор за разговор со земји кои сакаат безбедно минување.

- Американците бараат од другите земји да дојдат и да им помогнат за да остане отворен Ормускиот теснец, кој, се разбира, од наша перспектива е отворен. Тој е затворен само за нашите непријатели, за оние кои извршија неправедна агресија врз нашата земја и за нивните сојузници, исткана иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи.

Војната на Блискот Исток влезе во 17 ден. Израел продолжи да напаѓа локации и инфраструктура во Техеран поврзана со нуклеарната програма. Израелската војска најави дека војната ќе трае најмалку уште три недели и дека има илјадници цели за напад. Продолжија и иранские напади со ракети и дронови врз Изарел, и во земјите во Заливот. Меѓународниот аеродром во Дубаи, еден од најпрометните во светот, мораше привремено да ги прекине летовите по инцидент со беспилотно летало.