Германците увезуваат војници: На странците им нудат плата од 2.000 евра, еве кој може да се пријави

Германските вооружени сили планираат, поради недостигот на кадар да увезуваат странци кои би носеле германска униформа.
Бундесверто бара регрути во земјите на Европската унија, нудејќи им почетна плата од 2.000 евра бруто.
Можноста за вработување во германската „легија на странци“ ќе имаат кандидати од земјите на ЕУ, а се претпоставува дека добрата плата и можноста за напредување ќе биде добра мамка за момчињата од источна Европа, посебно на оние од Балканот.
Досега важеше правилото припадници на германските вооружени сили да можат да бидат само германски државјани. Почетната плата во Бундесверот изнесува околу 2.000 евра бруто, а офицерската, во ранг на потполковник околу 5.000 евра без бонуси.
„Вработувањето на специјалци од други земји од ЕУ е една од опциите кои ги разгледуваме“, рече геенралот Еберхард Зорн, офицер одговорен за кадровски прашања.
Германското министерство за одбрана веќе повика некои европски партнери, пред се на истокот, но реакцијата досега е „воздражана“. Бугарија изрази загриженост поради можноста од масовно заминување на припадниците на своите вооружени сили во Германија.
Ново на Сител
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
