ФОТО: Девојка од Куманово посвоена од Американци си го бара своето семејство во Македонија
Многу луѓе кои биле дадени на посвојување во одреден момент во животот сакаат да дознаат од каде потекнуваат и кои се нивните биолошки родители. Една 22-годишна девојка која веднаш по нејзиното раѓање била посвоена од Американци и однесена во САД сака да ја пронајде својата мајка, која најверојатно е од Куманово. Сторијата ја објави порталот Мотика.
Алисон Голдин, родена во 1998 година на 7-ми август најверојатно како Елена Митевска, верува дека сѐ уште постои надеж да ја пронајде својата мајка, татко или роднини кои е можно да живеат во Куманово. Биолошката мајка ја родила на рана возраст од 17 или 18 години и освен овие информации девојчето не знае ништо друго за неа.
Таа се обратила на луѓе на социјалните мрежи во обид да дознае нешто повеќе за нејзиното минато. Фотографиите се од Алисон, односно Елена и доколку некој се препознае во приказната на девојчето или пак познава личност која имала ќерка во вакви околности би бил убав новогодишен момент да се спојат мајката и ќерката од две различни страни на светот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини