-->
-->
Филипче: Ќе има јавна дебата за анализите за трите локации за изградба на новиот Клинички центар
-->
Следниот понеделник ќе има јавна дебата во Собранието на Република Македонија за сите анализи кои ги направивме за трите локации за изградба на новиот Клинички центар, во Злокуќани, во општина Гази Баба и во општина Ѓорче Петров, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Одговарајќи на новинарско прашање посочи дека тоа сакаат да го направат јавно и транспарентно, да укажат на сите предности и недостатоци на секоја од тие локации и да видат која е најпогодна, најбрза и најевтина за да почне изградбата на новиот Клинички центар.
Додаде дека верува оти со динамиката со која работат ќе може идната година да биде поставен камен-темелник на новиот Клинички центар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје