Едукативна кампања за управување со отпад за најмладите во Ресен
Во организација на „Нула отпад", „Пакомак", Општина Ресен, основните училишта и детската градинка денеска во Ресен се одржа едукативна кампања за управување со отпад наменета за најмладите.
За учениците од прво до петто оделение беше реализирана театарска претстава „Зелена планета" со која имаа можност да се запознаат со придобивките од рециклирање и правилен третман на отпадот. Во детската градинка „11 Септември“ беа прикажани цртани филмови за запознавање на дечињата со правилниот пристап кон селекција и рециклирање на отпадот.
Претставникот од „Нула отпад“ Марјанчо Дамески потенцира дека децата се нашите амбасадори и движечки фактор за промена на навиките и кај возрасните.
- Се надеваме дека „Зелена планета“ ќе остави голем впечаток врз децата и своите импресии ќе ги пренесат кај семејствата, истакна Дамески.
Двете основни училишта во Ресен и Детската градинка добија садови за собирање отпадни батерии.
Ново на Сител
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград