Џамбазки со предлог до Заев: Дајте ни го споменикот на Ќосето да го ставиме во Благоевград
Европратеникот Ангел Џамбазки, од редовите на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, вели дека отстранувањето на споменикот на македонскиот раволуционер Андон Јанев Лазов – Ќосето е всушност исполнување на договорот за добрососедство со Бугарија. Џамбазки пишува дека треба да се побара споменикот да и се даде на Бугарија и да се постави во Благоевград.
– Одлична вест за бугарската каузаа во Македонија. Андон Ќосето е еден од видните дејци на ВМРО, заслужен бугарски национален револузионер, докажан бугарски воин. Поставувањето на тој споменик беше провокација врз бугарската историја. Неговото рушење е дел од исполнувањето на договорот со Бугарија, напиша Џамбазки на наеговиот фејсбук профил.
Џамбазки дополнително пишува:
– Туку што Стефан Братанов ми даде одлична идеја. Не е лошо да го земеме споменикот и да го поставиме во Благоевград. Затоа што Ќосето таму починал во 1953 година, стои во фејсбук статусот на Џамбазки.
Како што тврди Џамбазки во својот напис на фејсбук, рушењето на споменикот на Ќосето е дел од договорот со Бугарија кој Заев го потпиша со Бугарија, а со кој Република Македонија се јавува како оштетена страна во однос на Република Бугарија, која триумфира со договорот.
ВМРО-ДПМНЕ алармираше дека договорот со Бугарија е асиметричен. Од партијата велеа дека од договорот произлегуваат повеќе обврски и отстапки за државата отколку права.
– Договорот вака конципиран и потпишан има сериозни недостатоци, и веројатно последиците од неспособноста на владата на Зоран Заев, Република Македонија ќе ги трпи во подолг временски период. На тој начин сите ние, граѓаните, ќе бидеме во состојба на хаос и неизвесност, кажа сегашниот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од пресконференција на партијата во август минатата година.
Јавноста се прашува уште колку дополнителни обврски за кои граѓаните не се информирани ќе произлезат од штетните договори на Заев. Што уште граѓаните на Република Македонија ќе треба да проголтаат поради антидржавните политики на премиерот.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба