Драматичен пораст на анти-терористичките истраги во Германија
Германскиот весник Велт ам Зонтаг јавува дека бројот на полициски истраги за поврзаност со тероризам во земјата драматично се зголемил во текот на 2017 година, при што 900 истраги се во тек, а од нив 800 се однесуваат на осомничени исламистички групи. За споредба, во 2013 година германската полиција истражувала само 70-ина осомничени терористички групи и поединци, пренесе новинската агенција ДПА.
Според извештајот на специјална ревизија порачана од германските безбедносни служби, било утврдено дека полицијата направила низа грешки во истрагата кон тунискиот исламист Анис Амри, кој уби 11 лица и рани 60-ина во нападот врз божиќен пазар во Берлин во декември 2016 година.
Извештајот покажува дека не сите истраги кои се водат се однесуваат на закана од нови терористички напади. Дел од случаите се отворени за сириски државјани, кои се бореле во редовите на Исламската Држава, а сега бараат азил во Германија.
Ново на Сител
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350