Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска им го честиташе Велигден на православните христијани и верниците од источните цркви кои го слават според јулијанскиот календар, пренесе Ватикан њуз.
-Со најтопли чувства упатувам честитки до браќата и сестрите од православните цркви и некои источни цркви кои денеска го слават Светиот Велигден според јулијанскиот календар. Нека воскреснатиот Господ ги исполни сите заедници со радост и мир и да ги утеши оние кои поминуваат низ искушенија, рече папата на крајот од традиционалната неделна миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
Во својата проповед пред неделната молитва, папата повторно повика на молитви за жртвите од поплавите во Бразил, како и за мир во Украина, Израел и на палестинските територии.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино
-
ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица на опасно стрмно место меѓу село Кожле и Велес
-
Несудената актерка која го создаде Мој ДДВ | Сања Лукаревска | Неформално | Sitel Podcast 039
-
РКЕ најaвува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип