До 19 часот на гласање излегле 46,16 проценти од иселениците
До 19 часот во 32 дипломатско-конзуларни претставништа своето гласачко право на шестите преседателски избори го искористиле 7.024 гласачи, односно 46,16 проценти од пријавените 1.781 гласач. Се уште се отворени шест гласачки места во САД и Канада, каде гласањето трае до 19 часот според временската зона на земјата каде се гласа.
Како што соопшти вечерва на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска, најголема излезеност до 19 часот има во Букурешт со 64,29 проценти, Сараево со 78,57 проценти, Брисел 63,27 проценти, Берлин 63,16, додека најниска излезеност е забележано во Рим 28 проценти и Абу Даби 20 проценти.
– Во 13 казнено-поправните установи од 1.640 гласачи своето гласачко право го оствариле 74,13 проценти од запишаните. Денеска гласаа и седум гласачи кои се водат како внатрешно раселени лица, како и 4.407 граѓани пријавени како болни или немоќни и 12 во куќен притвор. Првпат на овие претседателски избори гласаа и гласачи од два старски домови во Скопје, каде од 71 гласач своето гласачко право го искористиле 65, односно 91,54 проценти, рече Гугучевска.
Таа нагласи дека по добиените информации од општинските комисии денешниот изборен ден поминал во мирна атмосфера, без прекини во гласањето и без неправилности.
Ново на Сител
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје