ДИК: Шилегов пред Трајановски, СДСМ води во скопските општини
Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов има освоено 50,07 проценти од гласовите на вчерашните локални избори, наспроти неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник Коце Трајановски кој има освоено 35,99 отсто.
Врз основа на обработени 91,39 проценти од гласовите, за Шилегов гласале 126.642, а за Трајановски 91.032 граѓани на Скопје.
Победа со обработени 100 проценти од гласовите има СДСМ во Ѓорче Петров каде има освоено 53,71 проценти, додека во општина Карпош од обработени 91,89 проценти убедливо води кандидатот на СДСМ со 58,08 во однос на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 36,54 проценти.
СДСМ води во Аеродром о 51,84 пред ВМРО-ДПМНЕ кој има освоено 44,17, во Бутел со 49,12, во Гази Баба со 47,82 пред ВМРО-ДПМНЕ со 44,38, во Кисела Вода со 49,36 пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,56. Во Центар од обработени 89,74 проценти од гласовите води кандидатот на СДСМ со 63,58 наспроти кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со 28,63 проценти.
Во Шуто Оризари, кандидатот на СДСМ е во благо водство со освоени 39,79 во однос на Сојуз на Роми од Македонија со освоени 38,18 проценти.
Во Сарај води кандидатот на ДУИ со 33, 49 и во Чаир со 27,28 проценти.
Ново на Сител
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“
-
Му упаднал дома го истепал и му го украл телефонот, уапсен велешанец