Честитка од Џафери по повод Денот на народното востание 11 Октомври
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска упати честитка до граѓаните по повод државниот празник 11 Октомври, Денот на народното востание.
-Ова е ден со кој се обележува почетокот на одлучната борба против фашизмот – најголемото зло во историјата, и почетокот на решителната борба за слобода и достоинство, со што била дадена поддршка и помош за победата на доброто врз злото во Втората светска војна. Денешниот празник е значаен ден во историјата на државата и јас посакувам сите да го одбележиме достоинствено и во големо празнично расположение, вели Џафери во честитката.
Борбите на народите се менуваат низ годините, додава тој, начините на борба, исто така, се менуваат согласно со современите предизвици што ги носи брзиот технолошки развој.
-Меѓутоа, едно остануваа исто засекогаш а тоа е, никогаш да не заборавиме да бидеме на вистинската, исправна страна, односно да се бориме за достоинствен и еднакво добар и квалитетен живот за сите. Заедно да го изодиме патот на евроатланската интеграција и да градиме стабилна и сигурна иднина за идните генерации во држава која ќе биде пример за успех во историјата, вели претседателот на Собранието.
Ново на Сител
-
Приведен криумчар на мигранти
-
ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје
-
Активен пожар во Негорци, регистрирани 15 пожари на отворено во изминатото деноноќие
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење
-
Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга
-
Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни
-
Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф, исчезнаа уште тројца туристи