ДИК избра генерален секретар

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница со јавно гласање го избрала Добре Јанчев за нов генерален секретар, соопшти ДИК.
На оваа раководна функција која ќе ја извршува во наредните пет години Јанчев доаѓа од местото државен советник за едукација, правна и меѓународна соработка во ДИК.
Согласно измените и дополнувањата на Изборниот законик, ДИК на 30 декември до четирите најголеми политички партии застапени во Собранието ги доставила еден ден претходно утврдените предлог-текстови на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список заснован на проверки и статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, неограничени теренски проверки и други соодветни признати методи на проверка и на Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, како и постапка за спроведување теренска проверка заради негово ажурирање.
ДИК, како што стои во соопштението, очекува во најкраток можен рок четирите најголеми партии да се усогласат, за потоа да ги усвои овие два важни акта за проверка и ажурирање на Избирачкиот список.
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
