Девет лица загинаа, 16 се повредени откако комбе удри во група пешаци во Торонто

Девет лица загинаа, а 16 се повредени откако бело комбе удри во група пешаци во Торонто, по што канадската полиција го пронајде и уапси возачот, изјави заменик началникот на полицијата Питер Јуен.
Инцидентот се случи во 13:30 часот по локално време, кога повеќето вработени излегуваат на пауза, а полицијата побара жителите да ја избегнуваат таа област. Возилото било изнајмено, а компанијата за рентање возила „Рајдер систем“ потврди дека едно од нејзините комбиња учествувало во инцидентот.
Очевидец изјавил дека според него „возачот дејствувал планирано и сакал да ги убие сите“.
Локалната болница „Санибрук“ објави на Твитер дека примила најмалку седум повредени лица, од кои петмина се наоѓаат во критична состојба.
Канадскиот министер за јавна безбедност Ралф Гудејл го оцени инцидентот како „многу сериозен“, без да соопшти повеќе детали. Засега не е познато дали станува збор за сообраќајна несреќа или планиран напад.
Полицијата веднаш ја блокира областа за движење, а затворена е и метро линијата која минува низ тој дел од градот.
Ново на Сител
-

Шест нови мерни станици за следење на квалитетот на воздухот во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
