Детали за сообраќајката кај клучката Хиподром - има повредени
Во сообраќајната несреќа што утрово се случи пред клучката Хиподром, според првичните информации на полицијата, има повредено едно женско лице кое е пренесено на Ургентниот центар во Скопје.
Од МВР за МИА изјавија дека се уште се врши увид на местото на несреќата и оти информациите со кои засега располагаат укажуваат дека има повредено едно женско лице.
Сообраќајката се случила меѓу четири патнички возила, еден камион и автобус. Две од патничките возила се со скопски таблички, едно со велешки и едно со прилепски таблички, додека товарното возило е со охридски таблички и автобусот со скопски регистарски таблички.
Сообраќајката во полиција е пријавена во 7:40 часот.
На местото се уште се врши увид и сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента. Има поставено и соодветна сигнализација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест