-->
-->
Денеска е Св. маченици Пров, Тарах и Андроник
-->

Пров беше од Сида Памфилиска, Тарах од Сирија, а Андроник од Ефес.
Сите тројца беа мачени и погубени од страна на антипатот Нумериј Максим, за време на царот Диоклецијан.
Кога Тарах три пати го запрашаа кое е неговото име, тој три пати одговори, христијанин. После измачувањата тројцата беа фрлени во арена, но наместо да ги растргнат, мечката и лавицата се умилкуваа околу нив.
Тогаш антипатот, како понеразумен од животните, им нареди на војниците да слезат и да ги убијат тројцата светители.
Други тројца христијани, кои присуствуваа на убиството на светите маченици, ги зедоа ноќта нивните мошти и ги закопаа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Митов, доктор
-

Православните христијани во исчекување на Христовото Воскресение
-

Иницијатива за геопарк „Лесново“ под покровителство на УНЕСКО
-

Велигден во Пјаченца: Митрополитот Пимен заедно со македонските верници ќе го обзнани Христовото Воскресение
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Почнаа преговорите Вашингтон – Техеран за крај на шестнеделниот конфликт
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
