Ден на празот во општина Василево
Во населеното место Градашорци денеска во организација на општина Василево се одржа традиционалната манифестација „Ден на празот“.
Присутните можеа да вкусат од многуте специјалитети од праз, подготвени од локалните домаќинки специјално за манифестацијата.
-Нашиот праз е еден од најквалитетните во Македонија и денес подготвив баница со праз, кифли со праз и икебани.Покрај тоа во сезоната на празот подготвувам чорби со праз, пити, чурек, сарма, нашите прочуени колбаси со праз, свинско и пилешко со праз, бурек, рече Билјана Накова од селото Градашорци.
И домаќинката Љупка Динева од Градашорци подготви свои специјалитети за денешната празијада.
-Подготвив повеќе видови на баници, погачи, пити и солена торта. Фаворит ми е солената торта која ја подготвувам со праз и маркови, рече Динева.
За градоначалникот на Василево, Марјан Јанев оваа манифестација значи многу за општината.
-Единаесет години преку „Денот на празот“ го промовираме овој здрав зеленчук, го доближуваме до граѓаните и како локална самоуправа секогаш ќе го поддржуваме и стимулираме отворањето на откупни центри и преработувачки капацитети со цел да им помогнеме во пласманот на производителите на праз, рече градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.
Новина на годинашната, 11 по ред, манифестација е тоа што доби една нова, хумана димензија. Посетителите можеа да ја покажат своја хуманост на дело, донирајќи парични средства за специјалитетите од праз што ќе посакаат да ги дегустираат. Собраните парични средства Општината ќе ги донира на оние на кои им се најнеопходни.
На „Денот на празот“ настапија ученици од општинските училишта, културно- уметнички друштва, како и музичка група која се погрижи за забавниот дел од манифестацијата.
Ново на Сител
-

Заврши лидерската средба
-

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
-

Трамп: Гренланд ни треба за националната безбедност, НАТО да преземе водечка улога во тој процес
-

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите
-

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме
-

84-годишник со закана изнудил 5000 евра од негова роднина, па прекинал комуникации со неа
-

76-годишен тетовец починал откако избил пожар во неговиот стан

