-->
-->
Демократски сојуз бара итна седница на Собранието
-->
Партијата Демократски сојуз (ДС) денеска упати повик до парламентарните партии кои не доставија листи за пратеници и не учествуваат во изборниот процес, да се приклучат на иницијативата за одржување итна седница на Собранието на Република Македонија.
На седницата, соопшти ДС, ќе се донесе одлука за откажување на изборите и ќе се почне постапка за одговорност на претседателот Ѓорге Иванов поради, како што наведува, „злоупотреба на функцијата“.
ДС очекува на постојната иницијатива да се приклучат и независните пратеници, како и пратениците на ДУИ, ДПА и Унитети. - Со потписот на 63 пратеници, претседателот Трајко Вељаноски, мора да свика седница со веќе предложениот дневен ред. Наместо да чекаме решенија од странство, ве повикуваме на единство и проактивна акција, се вели во соопштението од ДС.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата