Демократска партија: ФБИ да изврши истрага дали Трамп е вмешан во хакерските напади врз нас
Четворица водечки конгресмени демократи побараа од ФБИ да истражат дали предизборниот тим на републиканскиот кандидат за Белата куќа, Доналд Трамп, е вмешан во неодамнешните хакерски напади врз компјутерите на Демократската партија.
Во писмото до директорот на ФБИ Џејмс Коми конгресмените Илајџа Камингс, Џон Кониарс, Елиат Енгал и Бени Томпсан, сакаат да проверат дали тимови на Трамп и Русија ги извршиле кибер нападите, со цел да ги „наместат претседателските избори во САД“.
Во писмото се наведуваат врските со Русија поврзани со Трамп, преку неговиот поранешен шеф на кампањата Пол Манафорт.
Тој поднесе отставка по откривањето дека работел за проруска партија во Украина.
Некои експерти сметаат дека Русија стои зад хакерските напади врз компјутерите на Националниот комитет на Демократската партија, кои доведоа до објавување на илјадници партиски документи.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер