Loading Video...
Свет
17. December 2025 - 16:47

Преглед на вестите од светот

Трамп го ескалира конфликтот со Венецуела. Нареди блокада на сите санкционрани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела.

Целта е Венецуела да им ги врати на Соединетите држави целата нафта, земјиште и други средства што претходно ни ги украдоа. Поради кражбата на нашите средства и многу други причини, вклучувајќи тероризам, шверц со дрога и трговија со луѓе, венецуелскиот режим е означен како СТРАНСКА ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА“, напиша американскиот претседател на Truth Social. Обајвата на ТРамп не даде дополнителни детали за тоа како ќе се споведува поморската блокода на санкционраните танкери за нфата. Потегот Венецеуала го оцени како закана за поттикнување војна и обид да ги украде нашите ресурси.

-Им ја кажуваме на луѓето од Соединетите држави нашата вистина, и таа е многу јасна: импреријализмот и нацистичко- фашисичката десница сакаат да ја колонизираат Веенцуела за да го земат нашето богатство-нафта, гаса, злато, железо, алуминиум и други минирали. Се заколнавме дека ќе ја браниме наШаат татковина, а во Венецуела секогаш ќе преводладува мирот, заедно со стабилноста и споделената среќа за нашиот народ, изјави Николас Мадуро, претседател на ВЕнецуела.

Редовната седница на бугарскиот парламент беше прекината поради физички судир помегу пратениците Гунај Далулу од ДПС-Ново начало и Радостин Василев, лидер на партијата МЕЧ. Си разменија тупаници и клоци додека министерот за енергетика во оставка Жечо Станков, одговараше на прашања во врска со проектот за изград на седмиот и осмиот блок на нукеларната центала Козлодуј.

Причините за конфликтот засега не се официлано соопштени.

Навид Акрам, преживеаниот осомничен за масовното пукање во неделата на плажата Бонди во Сиднеј е обвинет за 59 кривични дела, вклучувајќи 15 обвиненија за убиство е едно за извршување на терористички чин соопштија полицијата во Нов Јужен Велс. Неговиот татко, Саџид беше убиен во размена на оган со полицијата на местото на настанот. Во крвавиот поход на таткото и синот загинаа 15 а над 40 лица завршија со повреди. Дваесет од повредените остануваат во болниците низ Сиднеј, а едно лице е сè уште во критична состојба.