-->
-->
- Да знаев дека ќе родам дете со посебни потреби, ќе го абортирав!
-->

Познатата британска старлета Кејти Прајс (37) за прв пат проговори за животот со дете со посебни потреби.
Оваа изјава шокира многумина. Имено, Прајс прв пат јавно изјави дека најверојатно би ја прекинала бременоста кога би знаеле какви одрекувања со себе носи животот со дете со посебни потреби.
За сето ова да не звучи толку сурово, Кејти изјави дека на тоа би се одлучила доколку би била помлада, но денеска размислува за посвојување на уште едно дете со пречи во развојот.
Тринаесет годишниот син на Кејти, Харви е слеп и страда Прадер-Вилиев синдром поради што постојано чувствува глад. Харви страда и од аутизам и уште неколку нарушувања во однесувањето, а има проблеми и со движењето.
„Кога останав бремена со Харви бев многу млада. Да знаев тогаш дека ќе биде слеп, без оглед на тоа колку сурово ова звучи, ќе ја прекинев бременоста. Знам дека ова звучи ужасно“ – изјави таа.
„Сепак, доколку сега останам бремена и кога би ми рекле дека моето дете ќе има некаков проблем, би го задржала. Сега дури и би посвоила дете со посебни потреби. Се додека не се најдете во таа ситуација не знаете ништо“ – изјави Прајс.
Кејт често зборува за својот син со посебни потреби и истакнува дека ништо не би менувала на него.
„Го обожавам и никој никогаш не би требало да се срами од своето дете со посебни потреби“ – изјави таа во една претходна прилика.
Кејти го роди Харви во 2002 година додека беше во љубовна врска со фудбалерот Двајт Јорк. После Харви, Прајс роди уште четири деца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
