„Честитка за Дедо Мраз“ нова премиера на Народниот театар-Штип
„Честитка за Дедо Мраз“ е нова претстава за деца на Народниот театар-Штип, која премиерно пред младата публика ќе биде изведена во понеделник. Преставата е во режија на Драгана Милошевски-Попова, а е работена по текст на Весна Куслеска.
Режисерката Милошевски-Попова денеска на прес-конференција истакна дека претставата е работена професионално со актерската екипа и очекува да биде гледана.
- Приказната говори за довербата, говори и за пријателството, за сите важни нешта коишто секој детски сон го има. Не би откривала премногу што се случува, ќе имате прилика да видите, рече Милошевски-Попова.
Деветгодишната Емилија Ристевска, на која ова и е трета престава, ќе ја игра главната улога - Снежана.
- Тоа девојче е многу осамено за Нова година, нејзините родители се на некоја новогодишна прослава. Можете да ги запознаете и другите ликови во претставата, како што се Малиот Принц, Принцезата Лу и други, рече Ристевска.
Покрај неа, во претставата учествуваат и: Марија Минчева, Виктор Арев, Елена Шорова, Валентина Ѓоргиевска, Нела Ангелова, Раде Рогожарев, Миланчо Ѓерогиев-Роне и Ефтим Трајчев. Дизајнот и видеоанимацијата се на Никола Ристов, а костимографијата на Андреј Ѓоргиевски.
Директорката на Центарот за култура „Ацо Шопов“ Наташа Маневска на прес-конференцијата истакна дека претставата е работена со сопствени средства. Годината ја завршуваат со две претстави финансирани од Министерството за култура и две кои ги финансираше самиот Центар за култура.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест