Чешкиот Парламент ќе гласа за доверба на Владата
Чешкиот Парламент се очекува денеска да изгласа недоверба на Владата на премиерот Андреј Бабиш, по обвинувањата дека пред десет години на нелегален начин користел субвенции од ЕУ.
Доколку неговата малцинска Влада, чиј мандат започна минатиот месец, загуби на гласањето, тогаш ќе остане на власт се до формирање на новата влада.
Претседателот на Чешка, Милош Земан вети дека ќе му даде на Бабиш втора шанса, меѓутоа, останатите партии одбија да го поддржат актуелниот премиер поради обвинувањата против него. Бабиш ги демантираше таквите обвинувања.
Доколку биде изгласана недоверба на Владата, ќе следуваат неколку недели или месеци политички преговори, што на противниците на Бабиш ќе им остави повеќе време да најдат начин и да го сменат од премиерската функција.
- Веројатно ќе биде изгласана недоверба на Владата, истака Бабиш за еден чешки весник, додавајќи дека тој се надева на преговори.
Ново на Сител
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа