Цела естрада на мекици кај Жељко

Српскиот пејач и кантавтор Жељко Јоксимовиќ вчеравечер го прослави раѓањето на ќерките близначки Срна и Ана. Неговата сопруга Јована, со која го има и 3-годишниот син Коста, се породи минатата недела.

На мекиците се појавија бројни пријатели на музичарот кои прославија заедно со него, а сето тоа го проследија и новинарите.

Цеца пристигна со голема насмевка на лицето и на новинарите им рече дека на Јокимовиќ му порачала да ги чува ќерките од нејзиниот син Вељко.

Кнез дојде во друштво на сопругата. Тој рече: „Жељко ќе мора да се снајде со толку многу жени дома. Ама, ако можев јас, може и тој“.

На прославата дојдоа и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, актерот Иван Босиљчиќ ао сопругата Јелена Томашевиќ, кантавторката Александра Ковач, фолк-пејачката Ана Бекута, фудбалерот Предраг Мијатовиќ, но и Жика Јакшиќ, еден од сопствениците на Гранд продукција.



Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
