Брза интервенција на ДПД-Пехчево спречи поголем пожар кај село Црник

Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Пехчево денеска успешно интервенираше на пожар кој избувна во непосредна близина на селото Црник. Пожарот зафати сува трева и ниска вегетација, што поради сувото време и зголемените температури претставуваше сериозна опасност од негово неконтролирано ширење.
-Со брза и навремена реакција, наши екипи излегоа на терен и за кратко време го локализираа и ставија пожарот под целосна контрола. Благодарение на професионалниот пристап и добрата координација, спречено беше огнот да се прошири кон блискиот блок со овошни насади, каде што се наоѓаат насади со сливи, со што е избегната значителна материјална штета, информираа од ДПД Пехчево.
Алармираа дека ваквите пожари најчесто се резултат на човечка негрижа и апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни при престој и работа на отворен простор, нагласувајки дека палењето стрништа, отпад или сува вегетација претставува сериозен ризик, особено во летниот период.
Од ДПД-Пехчево упатуваат апел за одговорно однесување и навремено пријавување на секоја појава на пожар, со цел да се спречат поголеми последици и да се зачува безбедноста на граѓаните и природата.
Интервенцијата уште еднаш ја истакна важната улога на доброволните пожарникари во системот за заштита и спасување, како и нивната подготвеност да реагираат навремено со цел заштита на имотот, земјоделските површини и животната средина на подрачјето на Пехчево и околните населени места.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
