Бројот на убиени по пукањето во училиште во Турција се искачи на девет лица, од кои осум се деца | ВИДЕО

Девет лица, меѓу кои осум деца, се убиени во денешната пукотница во средно училиште во покраината Кахраманмарас, во југоисточна Турција, објави министерот за внатрешни работи Мустафа Чифчи.
Британските медиуми, пренесувајќи го министерот Чифчи од прес конференцијата, наведуваат дека во инцидентот се повредени уште 13 лица, од кои шест се во критична состојба.
Четиринаесетгодишен ученик денес отвори оган врз две училници во средно училиште, во втората таква пукотница во Турција за два дена.
Тој дошол во училиште вооружен со оружје за кое се верува дека му припаѓа на неговиот татко, пензиониран полицаец, изјави гувернерот на покраината Кахраманмарас, Мукерем Унлуер, додавајќи дека носел пет огнени оружја и седум рамки што најверојатно ги зел од својот татко.
Не е јасно дали напаѓачот бил убиен од полицијата или извршил самоубиство.
Според Чифчи, станува збор за „лично мотивиран инцидент“, а околностите на пукањето се истражуваат.
Чифчи рече дека шест од 13-те ранети се во сериозна состојба.
Министерот за правда Акин Гурлек изјави дека властите ги истражуваат мотивите на нападот, додека повредените се префрлени во болниците во регионот. Тој изјави дека седум обвинители биле вклучени во истрагата за вооружениот напад и дека е издадена забрана за објавување информации за инцидентот.
Нападот се случи еден ден откако 16 лица, претежно ученици, беа ранети кога поранешен ученик отвори оган во средно училиште во блиската покраина Шанлиурфа.
Напаѓачот подоцна изврши самоубиство.
Државниот радиодифузер ТРТ го идентификуваше последниот стрелец како Иса Арас Мерсили и рече дека неговиот татко е приведен на сослушување.
Турските власти воведоа забрана за емитување „трауматски“ слики од пукањето, предупредувајќи ги медиумските организации да го ограничат известувањето само на изјави од службени лица.
Родителите се упатија кон училиштето во округот Оникисубат, во Кахраманмараш, откако слушнаа извештаи за вооружен напад, објави телевизијата НТВ.
МИА
Ново на Сител
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
-

Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“
-

Полицаец од Битола возел со 1,51 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Димитровски: Бугарите ќе станат дел од Уставот во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака по неколку основи
-

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
-

Се санираат штетите во штипското училилиште „Ванчо Прќе“, редовната настава продолжува во понеделник
-

51-годишен велешанец допирал по тело малолетничка
