Беи Дао прогласен за почесен член на ДПМ

Кинескиот поет Беи Дао, 50-ти јубилеен лауреат на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, денеска во Друштвото на писателите на Македонија беше прогласен за почесен член на писателската асоцијација.
Одлуката ја соопшти претседателот на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Веле Смилевски.
- Ви благодариме поете Беи Дао бидејќи вие на посреден начин ги бришете условните граници меѓу големите и малите литератури и култури, ставајќи го акцентот на спецификите и вредностите на секоја од нив. Вашите подадени раце се раце на разбирање, на дијалог, на соработка, на меѓусебно запознавање и зближување. Македонските писатели заедно со творците од сите меридијани се вклучени во таа мисија во која вие дадовте свој импулс во престолнината на светската поезија во градот на Миладиновци, во Струга, рече Смилевски.
Тој на Беи Дао му го подари Зборникот на писателската асоцијација „Македонски писатели“, објавен на македонски и англиски јазик, како и најновиот број на книжевната ревија „Стожер“, исто така издание на ДПМ, на чии страници е објавена поезија од годинашниот лауреат на СВП.
Лауреатот Беи Дао прочита неколку стихови од својата поезија и истакна дека не се смета за особено важен меѓу останатите лауреати. Ја нагласи потребата од основање поетска традиција која, како што рече, би овозможила поезијата дополнително да се развива во иднина. Според него, поезијата ќе опстане покрај се.
Директорот на СВП Мите Стефоски се осврна на творештвото на годинашниот лауреат и потенцира дека тој е еден од најзначајните претставници на својата генерација кои, како што рече, направија своевидна револуција во кинескиот поетски јазик.
- Направија исчекор од класичната традиција кон една модерна состојба на поетскиот јазик. Нивното творештво во светски рамки доживеа една широка рецепција и прифаќање, рече Стефоски.
Додаде дека Беи Дао и неговата генерација поети, припадници на т.н. загодачна школа добија светски награди со што, како што рече, на некој начин беше валоризиран творечкиот подвиг во светски рамки.
Ново на Сител
-

Муцунски ќе се обрати на панелот „Жнеење мир на Балканот: дијалог, бизнис и поврзаност“ на Дипломатскиот форум во Анталија
-

Трамп: Примирјето во Иран може да заврши доколку до среда не се постигне долгорочен договор
-

Руте: Не ги гледам САД како го напуштаат НАТО
-

Сончево со мала до умерена облачност
-

Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
-

Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан
