„Баскерфест“ во Крушево

На Градскиот плоштад во Крушево синоќа посетителите ја проследија тричасовната програма на Меѓународниот и мултикултурен уличен фестивал „Баскерфсет“, кој годинава го слави својот 10-годишен јубилеј.
Точка со оган, магионичар, акробатот од Чиле „Господин Мустаќо“, креативна работилница, акробатски скокови..., беа дел од програмата.
„Баскерфест“ е дел од годинашната програма на „Крушевското културно лето“, кое е поддржано од општина Крушево и Министерството за култура.
Општина Крушево информира дека сите посетители ги очекува богата културна понуда. На Градскиот плоштад в сабота, на пладне под мотото „Говориме различно, танцуваме исто“, ќе се игра танцот зумба од ученици од различна етничка и верска припадност. Овој настан е дел од програмата „Градиме мостови“, поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за образование.
На 15 јули во Крушево ќе пристигне Сашко Коцев, а од 25 јули почнува манифестацијата „Крушево етно – град“.
Ново на Сител
-

Пратениците се вратија од одмор
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на иста линија со Кина
-

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата
-

Насилството зема замав – неопходно е работа со младите
-

Лозарите во неизвесност, вранецот без сигурен пласман
-

Привршува проценката на штети во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
