Македонија
28. November 2026 - 11:05

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и блиската околина

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала утрово е почуствуван во Битола, Охрид и блиската околина. Епицентарот на земјотресот бил во соседна Грција. 

- Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 08 часот и 47 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 140 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.0 - информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

МИА