-->
-->
БАЈКА: Влезете во украсената Бела куќа како никогаш досега - Меланија ги воодушеви децата
-->
Првата дама на САД, Меланија Трамп нагости многу деца во Белата куќа во понеделникот. Резиденцијата на американскиот претседател во оваа прилика беше совршено уредена со новогодишни елки, лампиони, украси и слатки, пренесува Дејли Мејл.
На основ на приложеното може да се заклучи дека божиќниот стил на Меланија Трамп е доста елегантен и дека е во стил со американскиот дух.
За стајлингот на Меланија едно дете прокоментира дека е прва дама преубава како ангел, кога се појави во едноставен крем фустан со широки ракави.
Станува збор за фустанот од колекцијата есен 2017 година на Диор. Првата дама тоа совршено го искомбинира со златен каиш и кондури.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс кажа дека Меланија учествувала во целиот процес на декорирање на Белата куќа за празниците кои следуваат.
Кога Меланија прошета во ходникот на куќата, три балерини танцуваа во собата која беше исполнета со светликави елки и снежни украси.
Првата дама прошета низ просториите и разговараше со децата кои се ученици од локално училиште недалеку од Вашингтон ДЦ.
Ги праша кои се нивните планови за Божиќ, дали му напишале писмо на Дедо Мраз, но и дали имаат домашни миленици.
Пред да се појави Меланија во источната соба, која ја красат бројни елки, на децата им било кажано да се однесуваат природно пред камерите. Кога првата дама влезе сите отидоа да гушнат.
Во сината соба првата дама не примаше гости, поради големата божиќна елка која ја краси таа просторија. Тоа божиќно дрвце мината недела го дочекаа Меланија и нејзиниот син, 11 годишниот Барон, а тоа е толку големо што ја зафаќа скоро цела просторија.
Фамилијата Трамп елката ја украсиле со обележја од сите сојузни американски држави и територии, заедно со сини сијалички со големи златни и сини машни.
Меланија децата ги прошета низ многу простории во Белата куќа.
На крајот на обиколката на Белата куќа, Меланија ги поздрави децата покрај елката со златна ѕвезда. Белата куќа побара од посетителите да напишат свои пораки за војниците.
Додека седела со децата, првата дама бараше од децата да ги прочитаат пораките кои ги напишале за војниците.
Посетителите на Белата куќата оваа година можеа да го видат киното кое го има претседателската резиденција. Се очекува Белата куќа да ја посетат околу 25.000 луѓе за време на празниците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“