Apple чекал 15 години за првиот преклопен iPhone: „Не сакавме да направиме евтин и неквалитетен телефон“
Американскиот технолошки гигант Apple уште во 2011 година започнал да ја истражува технологијата за електронски уреди на преклопување, но дури 15 години подоцна го претстави својот прв преклопен телефон, iPhone Duo, чија почетна цена изнесува 1.999 долари.
Извршниот директор на Apple, Џон Тернус, во интервју за магазинот TIME откри дека уште во 2011 година, заедно со петмина инженери, поднел патентна пријава за технологија на преклопување, со која се истражувале можностите за вградување батерии и електронски компоненти во вакви уреди.
Иако конкурентите, со години нудат телефони на преклопување, Apple одлучил да не брза со претставувањето на својот модел.
Тернус објаснил дека првите вакви уреди на пазарот му изгледале евтини и неквалитетни, поради што компанијата сакала да создаде производ што ќе ги исполни нејзините стандарди за квалитет, издржливост и дизајн.

Првиот преклопен iPhone, наречен iPhone Duo, официјално беше претставен на 9 септември годинава. Телефонот располага со надворешен екран од 5,4 инчи и внатрешен преклопен екран од 7,6 инчи, а користи процесор A20 Pro.
Една од главните карактеристики на новиот модел е специјалниот механизам за преклопување и технологијата со која Apple настојува да го направи што помалку забележлив превојот на внатрешниот екран.
Преднарачките започнаа на 16 октомври, додека официјалната продажба е најавена за 23 октомври 2026 година.
Ново на Сител
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
-

Се обидувала да запали оган со бензин, 32-годишна жена заврши со тешки изгореници
-

Пријавено вознемирување во автобус во Скопје, жртвата е 20-годишна девојка
-

19-годишник од Радовиш ја нападнал својата баба, полицијата го приведе
