Анџелина Џоли вклучена во планови за апсење на африкански „господар на војната“

Во план, кој потсетува на сценарио за филм за „Лара Крофт“, Анџелина Џоли требало да помогне за апсење на централноафриканскиот „господар на војна“ Џозеф Кони, така што ќе го повика на вечера.
Мејлови на Меѓународниот кривичен суд покажуваат дека Џоли во 2012 година самата се понудила, заедно со американски трупи, да го „лови" Кони во Централноафриканската Република.
- Заборавете на други славни личности. Таа е таа! Токму таа би сакала да го улови Кони. Веројатно и Бред ќе оди, се вели во еден од мејловите на Луис Морено Окампо, поранешен шеф на Обвинителството при Судот.
Окампо во преписката на Џоли и вели дека „може да се вклучи во специјалните одреди кои трагаат по Кони“. - Може ли Бред да дојде со тебе?, ја прашува Окампо глумицата.
- Бред ми дава поддршка. Ајде да се договориме за логистиката. Со љубов, бакнежи, одговара Џоли.
За ова нема повеќе информации во другите 40.000 мејлови кои протекоа во јавноста.
Џоли одби да даде коментар.
Окампо беше главен обвинител во Судот од 2003 до 2012 година и има неколку преписки со глумицата. Но, на неговиот мејл кој гласи „Драга Енџи, се надевам дека си добро. Ми недостигаш", не добил одговор.
Кони се уште е на слобода.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
-

Повредено 10-годишно девојче од заталкан куршум
-

Тетовец се напил до 3,02 промили па си ја истепал сопругата
-

25-годишна девојка од Гостивар нападнала полицаец
-

Двајца Украинци нападнати во Центар по недоразбирање околу резервација за сместување
-

Судар на четири возила на патот Прилеп - Битола, едно лице тешко повредено
-

Уапсен маж од прилепски, возел со 3,37 промили алкохол во крвта
-

Приведени четири лица, меѓу кои малолетничка, пронајден пиштол и кокаин
