Анадолија: Грција префрла оклопни возила на демилитаризираните острови во Егејското Море
Грција го крши меѓународното право и испраќа оклопни возила на егејските острови кои имаат статус на демилитаризирани зони, јави агенцијата Анадолија.
На фотографиите што ги објавило турското Министерство за одбрана се забележува како десантни бродови на островите Лезбос и Самос доставуваат воени возила донирани од САД. Според информациите кои Анадолија ги добила од безбедносни извори, беспилотни летала на Вооружените сили на Турција, кои изведувале летови во Егејското Море, откриле движење и регистрирале два грчки десантни брода на пат кон Лезбос и Самос. Притоа е откриено дека бродовите на Лезбос, кој има демилитаризиран статус, испорачале 23 тактички оклопни возила, а на Самос 18 тактички оклопни возила.
Станува збор за оклопни возила што САД ги испратиле во пристаништето Александруполис. Безбедносни извори ги опишаа настаните на 18 и 21 септември како најсилен показател дека Грција продолжува да ги вооружува островите во близина на Турција и го крши статусот на демилитаризирани подрачја, наведува Анадолија. Изворите ги оцениле како неприфатливи овие „агресивни акции“ на Грција, која е сојузничка во НАТО, и како спротивни на меѓународното право и духот на сојузништво.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ
-
Претседателката ќе го почитува Уставот
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: Еден загинат, двајца ранети