Ахмети: ДУИ е ваша, ви ветувам дека никогаш нема да ве разочарам
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г-дин Али Ахмети им се заблагодари на сите граѓани за поддршката на вчерашните локални избори каде уште еднаш се докажа дека Демократската Унија за Интеграција е најголемата албанска политичка сила во земјата.
„Заедно остваривме победа и овој пат и јас сум многу благодарен за придонесот на секој од вас за време на кампањата и изборниот процес. ДУИ е ваша, тоа е национален проект каде што сите имаме удел и ви ветувам дека никогаш нема да ве разочарам.
Одговорноста што ми ја давате со вашата доверба e благослов и поттик за да се направи уште повеќе, уште подобро. Заедно сме на овој пат, и заедно ќе го направиме секој чекор со сите граѓани. Оваа победа е ваша, на сите граѓани, истакнал претседателот на ДУИ Али Ахмети.
ДУИ
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата