53 работници позитивни на Ковид-19 во светниколската конфекција „Мода“

Во светниколската конфекција „Мода“ вкупниот број заразени работници изнесува 53 откри скринигот, кој го направи компанијата. Последните резултати од тестирањето се пристигнати утринава, кои покажаа дека на претходните 45 се додаваат уште осум работници позитивни на Ковид-19. Директорот на „Мода Ад“ –Свети Николе, Ангел Димитров вели дека во скринингот во кој компанијата самата инвестираше беа опфатени вкупно 620 работници, а претходно 200 биле изолирани или седеле дома поради владините мерки за чување деца до 10 години, хронични заболувања или бремени жени.
Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека по добивањето на последните резултати во најголемата фабрика во Свети Николе очекува веќе наредната недела да се намалуваат бројките на заразени, бидејќи колку се активни, толкав број на граѓани се и во изолација. Според здравствената состојба на заразените 80 отсто од нив се асимптоматски, додека потешки случаи се хоспитализирани во регионалните ковид центри во Штип и Велес.
Ново на Сител
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
-

Тема на денот со Маринела Величкова, дописник од Скопје за БТА
-

Скопје на патот до престолнина на културата
-

Постхумно одликуван д-р Анастас Коцарев со одренот “Илинден 1903”
-

Преглед на вестите од светот
-

Трговците сами си ја намалиле заработката за да нема нагло поскапување на производите
