-->
-->
Златен глобус во слалом за Шифрин
-->
По триумфот во генералниот пласман во СК по вторпат во кариерата , Микаела Шифрин успеа на последната трка да го освои и златниот глобус во слалом со 11-тата победа во Офтершванг.
Во драматична трка Шифрин успеа да оствари предност по првата трка од 46 стотинки но притисок направи Венди Холденер која одлично ја возеше втората трка и се доближи на само 9 стотинки.
Сепак Американката одлично се снајде и на крајот успеа да триумфира со што ја потврди доминацијата во алпското скијање откако пред само неколку недели освои две титули на Олимпијадата во Пјонгчанг. Второто место и припадна на Венди Холденер а третото на Петра Влахова.
Во генералниот пласман во слалом Шифрин има 225 поени предност на една трка до крајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција