За Дамаск договорот за прекин на огнот е неодреден
Договорот за прекин на огнот на североистокот од Сирија е неодреден, оцени синоќа советничката на сирискиот претседател Бурина Шабан. Таа истакна дека Дамаск не може да прифати нов Курдистан во Сирија.
Шабан додаде дека Дамаск ќе преземе „важни чекори” со Сириските демократски сили, предводени од Курдите, но дека има уште прашања што не можат одеднаш да бидат решени, пренесуваат британските медиуми.
Турција и САД синоќа договорија петдневно примирје на североистокот од Сирија, за на курдските сили да им се дозволи да се повлечат, по што операцијата „Извор на мирот” во целост ќе биде прекината. Тоа во текот на разговорите во Анкара го договорија американскиот потпретседател Мајк Пенс и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Турција на 9 октомври, два дена по одлуката на Доналд Трамп за повлекување на американските војници од североистокот на Сирија, ја почна операцијата „Извор на мирот” на северот од Сирија, долж нејзината граница, а ја почна со воздушни напади врз позициите на курдските сили.
За Анкара оваа операција е потребна за да создаде „тампон зона” за заштита на турската граница, во која сириските бегалци ќе можат да се вратат од Турција.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции