Вонредните избори во Грција ќе се одржат на 20 септември
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска потпиша декрет за распуштање на Парламентот и одржување на вонредни избори на 20 сепември, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Со декретот е предвидено седница на новиот состав на парламентот да биде одржана на 1. октомври.
Претходно, привремената Влада на Грција, која ја предводи правата жена премиер Василаку Тану, денеска положи заклетва.
Повеќето членови на новата Влада положија религиозна заклетва пред архиеписокот на Атина и цела Грција Јероним, а министерот за финансии Јоргос Хулиракис и министерот за образование Ангелики Киау положија граѓанска заклетва.
За денеска е закажана првата седница на новиот кабинет, кој има 23 министри и заменици-министри, од кои некои како министерот за финансии беа во тимот и на претходната влада на Алексис Ципрас.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло