Во Загреб уапсени петмина демонстранти поради усташки поздрав
Најмалку пет демонстранти се уапсени денеска пред седиштето на Социјадемократската партија (СДП) во Загреб, а меѓу нив и лидерот на Автогтоната хрватска партија на правото (АГСП) Дражен Келеминац, кој претходно пред просториите на Српското народно собрание со насобраниот народ го извикуваше усташкото мото „За дом спремни“.
Келеминец е уапсен откако го извикувал усташкиот поздрав. Другите лица се проведени поради навреда на полицајци, а еден од нив извадил и шравцигер, поради што е приведен поради напад на службено лице.
Денешниот протест е одржан порадик заклучокот на хрватскиот Сабор за отстранување на неодамна поставената спомен-плочата за загинатите припадници на Хрватски одбранбени сили (ХОС) во Јасеновац, на кои пишуваше „За дом спремни“.
На протестот беше и актерот Божидар Алиќ кој се заложи за лустрација на хрватското општество, но и на ХДЗ и на СДП, а најави и формирање на Хрватско радикално нациоанлно движење.
Протестот продолжи и пред седиштето на СДП, каде Келеминец ги навредуваше членовите на партијата.
Насобраниот народ го извикуваше усташкиот поздрав, а дел од нив носеа и такви амблеми.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај