Во петте најголеми градови во Италија ќе се одржи и втор круг за избор на градоначалници
Во петте најголеми италијански градови, меѓу кои и Рим, градоначалниците најверојатно нема да бидат избрани во првиот круг од локалните избори, објавија денеска медиумите во Италија.
Според прелиминарните резултати од вчершните локлани избори, ниту еден од кандидатите за градоначалници најверојатно не го освоил неопходното 50-процентно мнозинство, потребено за победа во првиот круг.
Делумните локални избори, на кои учествуваат една четвртина од италијанските гласачи, меѓу другото, претставуваат и проверка за поддршката на владејачката Демократска партија (ПД) на премиерот Матео Ренци.
Излезноста на изборите беше многу ниск, и не достигна ни 60 отсто. Познавачи на состојбите сметаат дека ова се должи делумно и на тоа што гласањето беше еднодневно, за разлика од изборите од пред пет години, кои се одржаа во двата дена од викендот.
Вториот круг од изборите е закажан за 19 јуни.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг