Во Битола се одржа јавна трибина за европска Македонија
На 30 септември ќе гласаме за навек да ја утврдиме македонската државност во целиот свет, рече националниот координатор за членство на Македонија во НАТО, Стево Пендаровски на вечерашната јавна трибина во Битола.
Според него ваква шанса оваа генерација нема да има повторно и затоа не смееме да дозволиме да бидеме изолирана мала енклава на Балканскиот полустров кој сеуште е турбулентен.
- Нашето асоцирање во ЕУ и НАТО е единствен крупен стратешки проект за кој во Македонија, во мнозинство се согласни сите етнички заедници, и затоа во овој момент има поддршка од 31 политичка партија и дури 102 невладини организации. На ова прашање треба сите да бидеме на иста страна и на 30 септрмври да гласаме ЗА европска Македонија, рече меѓудругото Пендаровски пред битолчани.
На вечерашната трибина се обрати и градоначалникот на Битола Наташа Петровска која нагласи дека брзиот влез во ЕУ и НАТО ќе го спречи иселувањето на младите и ќе донесе свеж капитал и инвестиции во градот.
- Подобра перспектива на овој македонски простор можеме да направиме ако обезбедиме безбедност на капиталот и да овозможиме доаѓање на свеж капитал во нашиот град. Тоа е можно со членството во ЕУ и НАТО, а тоа, пак, е директно поврзано со нашата економија и нашиот економски развој. Битола како поднебје има свои природни вредности и е интересен град за цел свет, а со брз влез во ЕУ тогаш лесен ќе биде одговорот на прашањето каде ќе се пласираат бистричките праски, цапарските компири или младо сирење од Ниже Поле. Пазарот ќе биде отворен, нашиот производ ќе добие повисока цена, ќе има подобра егзистенција и перспектива. Со влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, Битола ќе го добие сјајот што го заслужува, истакна Петровска.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување