ВМРО - ДПМНЕ: СДСМ продолжува со деструктивна политика
ВМРО - ДПМНЕ во пишана реакција на прес-конференцијата на пратеникот Хари Локвенец посочува дека СДСМ продолжува со својата деструктивна политика базирана на манипулации.
Во рекацијата се подвлекува дека СДСМ никогаш немале аргументи, а уште помалку капацитет на граѓаните да им понудат конкретни проекти со кои би ја обезбедиле нивната поддршка.
Од ВМРО - ДПМНЕ посочуваат дека е факт оти невработеноста во 2015 година е сведена на најниско историско ниво од 24,6 отсто, македонската економија минатата година оствари највисок раст во регионот и еден од најдобрите економски резултати во Европа, а минатата година се работеше на изградба на 400 километри патна мрежа, на изградба на три автопатишта, на реконструкција на две автопатски делници, на регионални и магистрални патишта. Се наведува дека активно се градеше пругата кон Бугарија, а се работи и на изготвување на проект за пруга кон Албанија и се градеа нови и се реконструираа основни и средни училишта, а се инвестираше во нова медецинска опрема во болници.
- Кога СДСМ полагаше завршни сметки книжеше проекти како ТАТ, затворени работни места и пропаднати инвестиции од типот на пругата кон Бугарија. Стотици илјади уништени семејства и безброј затворени фирми е единствениот резултат во завршната сметка на СДСМ, се вели во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ на прес-конференцијата на пратеникот Локвенец.
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари