-->
-->
Успешно спроведена операција за спасување на бегалци во близина на Лезбос
-->
Грчката крајбрежна стража спроведе операција за пронаоѓање на мигранти во реонот на островот Лезбос откако во морето беа пронајдени остатоци од дрвен чамец, објавија грчките медиуми.
Спасувачката операција започнала утрово откако авион на Европската агенција за управување со надворешните граници (Фронтекс) во морето открил маж меѓу остатоци од дрвен чамец и елеци за спасување.
Веднаш е испратен сигнал за тревога и започната е потрага по други мигранти. Во операцијата учествувале бродови на крајбрежната стража, на Фронтекс и приватни чамци. Кусо време потоа се пронајдени сите патници на брегот на Лезбос.
Се претпоставува дека остатоците од чамецот се вратиле во морето поради силниот ветер кој од вчера дува во регионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена