Телевизискиот канал АРД ја „облече“ Меркел во исламска облека
Германскиот телевизиски канал АРД, предизвика бурна реакција во домашната јавност, кога во една од емисијата вести, прикажа фотографија на канцеларот Ангела Меркел „облечена“ во исламска облека.
Сликата на која на Меркел е забрадена и може да и се види само лицето, беше искористена како позадина и илустрација за блокот вести за бегалците и за бегалските квоти за земјите од ЕУ.
Критичарите на ваквата постапка на АРД обвинуваат дека овој телевизиски канал попаднал под влијание на антисламистичкото движење „Пегида“ како и дека се претворил во орудие на ултрадесничарската пропаганда.
Телевизиската станица се брани дека графиката во студиото била така дизајнирана, за да се истакне тежината и големината на бегалската криза и за да се привлече вниманието на луѓето.
Во официјалното соопштение на програмскиот совет на АРД се вели дека со „сатирата“ се настојувало да се афирмираат вредностите на западното општество, слободата на изразувањето и на медиумите, но и верската еднаквост.
Најголемиот дел од гледачите, сепак, не се согласуваат со ваквите објаснувања и сметаат дека станува збир за „првокласен скандал„ за кој нема оправдување.
Сликата со „забрадената“ Ангела Меркел се појави заедно со податокот дека до крајот на оваа година, во Германија ќе има 800 илјади бегалци и мигранти.
Некои весници, меѓутоа, тврдат дека таа бројка ќе биде многу поголема и ќе достигне околу 1,5 милиони лица и за тоа се повикуваат на владини проценки, кои „истекле“ во јавноста.
Канцеларот Меркел е изложена на остри критики во дел од домашната јавност, поради одлуката да ги отвори границите за бегалците и мигрантите од Блискиот Исток.
Ново на Сител
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час