СЗО со нови препораки за превенција од туберкулоза
Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача нов пристат во тестирањето и лекувањето на лицата заболени од туберкулоза, пред се на високоризичните групи, како што се малите деца и инфициранити со ХИВ вирусот.
Целта на новите препораки е да се обезбеди поинаков пристап во тестирањето и лекувањето на лицата со латентна зараза на туберкулоза (ЛТБИ).
Станува збор за лица кај кои латентната зараза со туберкулоза може да прерасне во активна, доколку не добијат соодветен тертман.
- Новите насоки на СЗО ќе им помогнат на земјите во превенција на туберкулозата и ќе придонесат за ставање крај на епидемијата на таа болест, изјави директорката на Програмата на СЗО за борба против туберкулозата. Тереза Касаева.
Според неа, со обезбедувањето на соодветен третман за спречување на развојот на латентната во активна туберкулоза, ќе се спасат гоолем број животи.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР