Студен бран доаѓа кон Македонија: Кон крајот на неделата снег и пониски температури
И утре ќе се задржи стабилно и суво време со магла по котлините и со појава на умерена до значителна облачност. Ќе дува најчесто слаб јужен ветер. Дневните температури, особено на повисоките места и на планините ќе бидат над просекот за овој период од годината.. По котлините и по речните долини, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска преку денот. Од четврток попладне во југозападните и јужните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, но позначителна промена проследена со врнежи од дожд, а на планините од снег, кои ќе се преместат од југ кон север и ќе се проследен со умерен северен ветер се очекува од петок наутро.
За тогаш се најавува и продор на студена воздушна маса над Македонија што треба да донесе и значително намалување на температурите кое сепак нема да биде блиску ни до просекот. Наутро температурите до крајот на неделата ќе почнат да паѓаат под нулата.
Целата наредна недела се очекува да биде влажна а некаде кон средината можно е да се создадат услови и за позначителни снежни врнежи кои можеби и ќе формираат снежна покривка. Наутро температурите ќе бидат околу минус 3 степени а во текот на денот ќе достигнуваат и до 7 степени
Постудено време може да очекуваме кон крајот на јануари и почетокот на февруари кога утринските ќе се спуштат до минус 10 степени а дневните нема да ја поминат нулата. Сепак, тоа се долгорочни прогнози кои не даваат прецизни информации.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава