Столе по натпреварот: Кога ќе промашиш шут за победа, тоа реми не ти е слатко
Можеше да биде херој на нацијата, но на 11 секунди пред крајот промаши голема шанса за победа, па Макеоднија мораше да се одбрани за да освои еден бод и да го освои првото место во групата на Европското првенство во Хрватска по ремито со Германија (25-25). За Столе Стоилов бодот нема сласт, затоа што имаше шанса за победа.
Призна пикерот на македонската репрезентација дека овој бод не е сладок, но за среќа Македонија го издржа последниот налет и освои бод.
- Кога ќе промашиш шут за победа, тоа реми не ти е слатко. Имав шут да го решам натпреварот, избрзав - шутнав лошо. Среќа, соиграчите ме покрија. Тој бод сега не е толку сладок. Можевме да пренесеме четири бода. Но, тоа е тоа, денес промашив, утре може ќе дадам. Таков е ракометот, тоа е спортот. Ми олесна кога промашија Германците. Ќе бев скроз трагичар. Вака колку толку ме покрија, рече Стоилов по натпреварот.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите